Скандал во Австралија поради сексуалните снимки од парламентот: „Беа внесувани и проститутки“

од Stefanija Kuzmanovska
384 прегледи

Објавувањето на видео снимки од вработените во австралиската конзервативна влада додека вршеле разни сексуални дејствија во парламентот, вклучително и мастурбација на бирото на една пратеничка, ја шокираше владата на таа земја, која веќе е на удар поради наводен сексизам на политичарите.

Видео снимките и фотографиите се чини дека биле споделени во група на Месенџер од страна на вработените во конзервативната влада пред да бидат откриени од „свиркач“.

Снимките беа прикажани синоќа на Australian и телевизијата Канал 10, пренесе „Бета“, повикувајќи се на „Франс прес“.

Снимките предизвикаа бурни реакции, особено во контекст на низата скандали што ја расветлуваат сексистичката политичка култура во Австралија и доведоа до демонстрации низ целата земја.

Морисон „шокиран и згрозен“
Конзервативниот премиер Скот Морисон изјави дека е „шокиран и згрозен“, нарекувајќи го ваквото однесување скандалозно.

Премиерот веќе беше критикуван за неговата млака реакција на неколку скандали, вклучувајќи го и случајот на службеничка која го обвини својот поранешен колега за силување.

„Свиркачот“, идентификуван според првото име, Том, изјавил за два медиуми дека владини претставници и пратеници понекогаш имале секс во молитвената сала во парламентот и дека проститутки можеле да бидат внесени во зградата „за задоволство на пратениците од коалицијата“.

Тој исто така рече дека вработените размениле порнографски снимки и дека добил толку многу такви слики што „станал имун“.

Тој зборуваше за културата на мажите кои мислат дека можат да прават што сакаат, наведувајќи дека овие вработени веројатно не прекршиле никаков закон, туку дека биле „морално изгорени“.

Перцепцијата за токсично место за жените во зградата на парламентот се разгори откако поранешна службеничка минатиот месец изјави дека колега ја силувал во канцеларијата на министер пред две години.

Таа рече дека не контактирала со полицијата од страв да не ја изгуби работата.

Слични содржини