148
Министерката за образование, Мила Царовска вели дека основното образование се менуваме затоа што време е децата да излезат од начинот на механичкото учење.
-Тие треба не само на слушаат туку и активно да учествуваат во наставниот час. Сигурни сме дека овој нов начин на учење ќе донесе попродуктивни часови, поголема интеракција меѓу учениците, поголема слобода за комуникација со менторот и секако повесели часови. Новата концепција за основното образованието започнува со учениците од прво и четврто одделение од следната учебна година. Децата ќе ги учат обучувани наставници по нови наставни програми и учебници, пишува Царовска на Фејсбук.