Чувар на зоолошката градина во Белгија бил сериозно повреден кога во саботата го нападнала панда која успеала да избега од кафезот.
Пандата Тијан Бао упаднала во ходникот кој води кон неговиот кафез и ги нападнала чуварите. Еден бил сериозно повреден во нападот, а колегите, за среќа, успеале да го совладаат животното и да спречат да го убие чуварот.
Мажот се здобил со рани на рацете и нозете, но според медиумите не е во животна опасност.
Нападнатиот работник во градината работи таму со години и секогаш ги почитувал безбедносните мерки. За среќа, никој од посетителите не е повреден, бидејќи животното било запрено во ходникот што водил до кафезот.
Не е познато како пандата успеала да избега од кафезот и да влезе во делот за вработените.
„Истрагата е во тек. Пандата во никој случај не смеела да заврши во тој простор“, изјавил за „Де Стандард“ портпаролот на зоолошката градина Метју Годфри.
Zookeeper attacked by giant panda at Pairi Daiza animal parkhttps://t.co/T86rdCq7NC pic.twitter.com/doyDIQlEHX
— The Bulletin (@_TheBulletin) March 22, 2021