„Мрсните денови“ на „The Rock“: Што јаде актерот кога не е на диета (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
502 прегледи

Веројатно многу луѓе започнаа со диети за време на оваа пандемија, бидејќи нашиот животен стил е помалку активен и потешко е да се остане во форма.

И, најверојатно, овие луѓе ја откриле радоста на „мрсните денови“, кога можете да јадете колку ви срце сака без да размислувате за калориите или хранливата вредност на храната.

Двејн „The Rock“ Џонсон следи строга диета за да ја одржи својата совршена форма. Меѓутоа, еднаш неделно, тој си дозволува што сака неговата душа за време на таканаречениот „cheat day“.

Неговото мени вклучува палачинки, огромни пици, море од суши, тестенини и гевреци.

За десерт, Џонсон избира сладолед, невообичаено големи колачиња, чизкејкови итн. Не е запрепастувачко она што го јаде, туку количините на тоа.

Еден „мрсен оброк“ на „Карпата“ може да содржи помеѓу 5.000 и 6.000 калории. Тој на својот Инстаграм ги споделува неверојатните јадења што си ги дозволува за време на деновите, ослободени од диетата.

Актерот е на десеттото место на рангирањето на најдобро платените познати личности во 2020 година, според Форбс. Тој е исто така најплатениот актер во светот, откако заработи 87,5 милиони долари минатата година.

Двејн, исто така, е на врвот на листата на најплатени инфлуенсери. Тој веќе има 200 милиони следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, а се проценува дека добива 1.015.000 долари за спонзорирана објава.

Слични содржини