Маричиќ-Шидер: Поддршка за реформите и почетокот на преговорите со ЕУ

од Берта Китинска
245 прегледи

Министерот за правда Бојан Маричиќ во Брисел имаше состанок со европратеникот и членот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент и претседавач на заедничкиот парламентарен комитет со ЕУ Андреас Шидер. Тема на разговорите беа европските интеграции на Северна Македонија, владеењето на правото и реформите во правосудството, како и претстојниот попис.

Маричиќ на Шидер му ја пренел разочараноста во земјата, бидејќи и покрај сите побарани и спроведени реформи сè уште не се почнати преговорите за членство во Европската Унија. Сепак, и покрај ова земјата останува посветена на својата европска агенда. Министерот за правда на средбата кажа дека останувањето на проширувањето како еден од приоритетите на португалското претседателство е охрабрувачка и остава можност за придвижување на процесот.

Разговарано беше и за потребата за реактивирање на дијалогот Жан Моне кој ќе биде во прилог на зголемување на демократијата и пред се функционалност на Собранието.

Дополнително на Шидер му беа претставени сите големи реформи кои ги презема Министерството за правда со цел владеење на правото и враќањето на довербата на граѓаните во правната држава.

Тема на разговорите беше и претстојниот попис, како статистичка операција која во земјата не е спроведена веќе 20 години. Маричиќ кажа дека пописот ќе се спроведе по закон и методологија кои добија највисоки оценки од ЕВРОСТАТ.

Слични содржини