Претреси во становите на Јанакиевски и Груевски

од Берта Китинска
322 прегледи

Утрово бил извршен претрес во становите на поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески и на екс премиерот Никола Груевски, дознава „Слободен печат“.

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, за „Слободен печат“ потврди дека извршен е претрес на дополнителниот имот на експремиерот Груевски во Скопје, а во врска со предметот „Плацеви на Водно“.Претреси на поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиевски бил во објект во Прилеп. Од јавното обвинителство потврдувиле дека имало претреси во објекти во Прилеп но не прецизираа за што станува збор.

Во случајот наречен „Плацеви на Водно“, покрај Груевски  осомничени се и неговиот кум Ристо Новачевски, Сашо Мијалков, Орце Камчев, неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Слични содржини