261
„Платите во здравството постојано растат и значајно придонесуваат во растот на просечната плата“, објави министерот за здравство, Венко Филипче.
Според него, кумулативно, заедно со сите зголемувања досега, вклучително и зголемувањата во месец февруари 2020 година, основната плата на лекарот специјалист ја зголемиле за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23% на медицинските сестри на клиниките.
„На општите лекари за 25%, а на здравствените соработници за 15%“, стои во објавата на министерот.