Џамбаски: Ако ВМРО-БНД не остане на власт, Македонија одново ќе биде предадена

од Nikola Popovski
654 прегледи

Вчера партиски групи на Зелените и на Социјалистите во Европскиот парламент поднеле амандман во кој се наведува дека се осудуваат „неодамнешните провокативни изјави на членови на бугарската влада во однос на историските прашање кои ја засегаат С. Македонија и се противречни со духот на Договорот за добрососедски односи со Бугарија“.

Во амандманот, кој е објавен на интернет страницата на ВМРО-БНД, партијата на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, се наведува дека „се повикуваат бугарските власти да се воздржат од слични изјави, со оглед на предизборната кампања во Бугарија која е во тек.

Заменик-претседателот на партијата, Ангел Џамбаски вели дека „скандалозната корекција со амандманот 77-А која е направена од претставниците на Социјалистите и на Зелените во ЕП е насочена директно против бугарските национални интереси во односите со С. Македонија“.

„Овој амандман е срамота! Не само затоа што беше потпишан од ПЕС на Станишев. Срамота е затоа што, прво, се меша во внатрешните работи на Бугарија, второ, тоа е лажно и невистинито од почеток до крај. Претпоставувам дека еден мој колега во ЕП направил многу голем компромис со својата совест, така да се каже. Да не спомнувам дека претпоставувам дека тие беа предмет на скопско лобирање. Затоа што за да напишете таква отворена лага и такви отворени глупости, мора да сте направиле компромис во некаква форма на лобирање, или вашето место не е во Европскиот парламент. Ако ВМРО не остане на власт, Македонија одново ќе биде предадена“, додава бугарскиот европратеник.

Слични содржини