Филевски од Малта: Од 3000 до 10.000 евра се движат казните ако се прекршат карантинските услови

од Берта Китинска
399 прегледи

Спортскиот новинар Игор Филевски – Филе за „Студио 10“ раскажа како е животот и состојбата со ковид 19 во Малта.

„Вчера првпат по 6 недели беа регистрирани 90 новозаразени, а пред затворањето имаше по 500, 300, 400 нови позитивни лица. Нема многу починати, триста и нешто има откако постои вирусот. Ваков локдаун е ок кога има масовно вакцинирање, а во Малта тече имунизацијата. Можеш да одложиш, не можеш да одбиеш вакцинирање. Казните се високи според налогот кој го добивате ако излезете од карантин казната е 3.000 евра, доколку сте позитивни на вирусот тогаш казната е 10.000 евра. Ако случајно се докаже дека си го напуштил домот заразен и си заразил друго здраво лице, казната е и до 9 години затвор. Додека пак за неправилно носење маски казната е 100 евра“ вели Филе.

Слични содржини