687
Доктор Аспазија Софијанова која е директор на Клиниката за детски болести информираше дека болницата во моментов е ковид центар, бидејќи британскиот сој се шири помеѓу младата популација.
-Новиот сој ги напаѓа децата и во моментов Клиниката за детски болести станат ковид центар. Најмалиот позитивен пациент е стар месец и половина и е хоспитализиран со неговата мајка која исто така е позитивна на вирусот. Во моментов на клиниката имаме 21 дете позитивно на ковид 19.Децата кои се хоспитализирани имаат дехидрираност, малаксаност, губење на апетитот и не можат да се лекуваат во домашни услови, вели Софијанова во свотео гостување во „Студио 10“.