270
Европската унија не треба да биде „корисна будала“ во глобалната борба околу дистрибуцијата на вакцини и да извезува вакцини додека другите земји го забрануваат извозот, изјави денеска француски официјален претставник.
„Европа не треба да биде некој вид на корисна будала во борбата против вирусот“, изјави официјалното лице пред новинарите, пренесува „Ројтерс“.
Тој исто така изјави дека Франција ќе го поддржи новиот механизам на ЕУ за извоз на вакцини, што ќе воведе елемент на реципроцитет при извозот на вакцини.