Од почетокот на пандемијата, во светот се регистрирани повеќе од 125 милиони случаи на коронавирус, од кои скоро 22 милиони се моментално активни, покажуваат најновите податоци на веб-страницата на „Worldometers“.
Според овие податоци, досега во светот биле заразени 125.108.807 лица со вирусот корона, починале 2.750.349, а од оваа инфекција се опоравиле 101.032.556.
Во моментов има 21.325.902 активни случаи во светот, а 0,4 проценти од пациентите, поточно 91.585, се во сериозна или критична состојба.
Соединетите држави сè уште водат по бројот на болни и мртви со 30.649.098 заразени и 557.053 смртни случаи.
На второ место според бројот на заболени е Бразил со над 12 милиони заразени, а на трето место е Индија со над 11 милиони пациенти.
Другите земји имаат помалку од пет милиони заразени.
Што се однесува до смртните случаи, на второ место е Бразил со 298.843 смртни случаи, на трето место е Мексико со 199.048, потоа Индија со 160.677 смртни случаи, Велика Британија со 126.284 смртни случаи и Италија со 106.339 смртни случаи.
Другите земји имаат помалку од 100.000 смртни случаи од коронавирус.