Во Бугарија се регистрирани 4851 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, а нивниот број е најголем од почетокот на пандемијата. 24,4% од извршените 19.869 тестови се позитивни, според ажурираните податоци на Унифицираниот информативен портал.
Од новите случаи најмногу се во Софија – 1352, по што следат окрузите Бургас – со 496 и Варна – со 369 новоинфицирани.
Уште 250 лица се примени во болници, со што вкупниот број на хоспитализирани е 9000, што е уште еднаш најголем број хоспитализирани од почетокот на ковид-кризата во Бугарија. 729 лица се во единиците за интензивна нега, откако во последните 24 часа биле интубирани уште 38 пациенти.
Пријавени се 2571 лице излекувано за 24 часа, а 119 починале.
На неделно ниво, зголемувањето на хоспитализациите е над 1.300 лица.