Соединетите држави доставија 29 повеќенаменски воени возила „Хамви“ на Албанија со цел да ја зајакнат албанската армија пред вежбите во Југоисточна Европа, соопшти Министерството за одбрана во Тирана.
Американскиот амбасадор во Тирана Јуриј Ким рече дека возилата се дел од „приоритетниот проект за Соединетите држави, кој треба да помогне во преминот на вториот албански пешадиски баталјон од борбена група за лесна пешадија во борбена група за пешадија“.
Албанија, членка на НАТО од 2009 година, ќе ги користи Хамви во текот на летото, кога ќе биде домаќин на една од најголемите воени вежби во Југоисточна Европа до сега, „што секако ќе ја покаже важноста на Албанија во регионот“, рече Ким
САД претходно испорачаа три хеликоптери „Црн јастреб“ и повеќе возила „Хамви“ на Албанија.
Албанија е во процес на замена на застареното оружје со опрема што е во согласност со стандардите на НАТО.
Албанскиот министер за одбрана Нико Пелеси денес изјави дека албанските вооружени сили „секогаш ќе бидат со НАТО, со сојузот за одбрана и безбедност на заедничките вредности“.