Бразилците воведуваат револуционерно правило во фудбалот

од Stefanija Kuzmanovska
393 прегледи

Бразилските клубови гласаа за историскиот предлог на локалната фудбалска асоцијација, со кој се ограничува бројот на тренери што можат да се променат во една сезона.

Според новото правило, бразилските клубови ќе можат да отпуштаат само еден тренер по сезона, а се менува и правилото за самите тренери, кои сега можат да дадат само еден отказ по сезона.

Доколку клубот го отпушти тренерот, до крајот на сезоната тимот ќе може да го води само вработен во клубот, кој бил во клубот најмалку шест месеци. Доколку тренерот поднесе оставка, на клубот ќе му биде дозволено да донесе нов тренер, но тој тренер нема да може да води друг клуб во тековната сезона.

„На овој начин, ние сакаме да ги заштитиме тренерите и да донесеме мир во нашиот фудбал. На овој начин, тренерите ќе можат да ја вршат својата работа во мир и да направат нешто во клубовите што ги водат и сметаме дека тоа ќе му помогне на бразилскиот фудбал“, рече претседателот на бразилската асоцијација Рожерио Кабокло.

Единаесет клуба гласаа за предлогот, додека девет беа против.

Слични содржини