Што ќе се случи со дополнителните 10 милиони дози на Фајзер кои чекаат да бидат дистрибуирани?

од Берта Китинска
297 прегледи

На самитот, лидерите на земјите-членки на ЕУ побараа дополнителни 10 милиони вакцини Фајзер-Бионтек да бидат дистрибуирани меѓу земјите на ЕУ „во духот на солидарноста“, пропорционално на бројот на жители.

Во заедничката изјава синоќа, усвоена по завршувањето на виртуелниот самит, лидерите побараа од амбасадорот во ЕУ да го реши прашањето за распределба на 10 милиони дози.

– Го потврдуваме принципот на дистрибуција на вакцините, пропорционално на бројот на жители. Го повикуваме Комитетот на постојани претставници да се осврне на прашањето за дистрибуција на 10 милиони дози вакцина BioNTeć / Fizer во вториот квартал од 2021 година во духот на солидарноста – се наведува во изјавата на лидерот на ЕУ, пренесува Хина.

Слични содржини