Министерот за правда Бојан Маричиќ во Брисел имаше две одвоени средби со словенечките европратенички Тања Фајон и Ирена Јовева, на кои се разговараше за реформите во Северна Македонија со фокус на оние во правосудството и борбата против корупцијата.
Маричиќ ги брифираше европратеничките за подготовките за спроведување на пописот и успешно завршената прва фаза од статистичката операција. Тој потенцираше дека неодржлива е состојбата државата да е без попис веќе 20 години.
Министерот детално ги претстави реформите во судството, со акцент на дигитализацијата и филтрацијата во судството кои ги спроведува Судскиот совет.
Маричиќ за време на неколкудневната работна посета на Брисел имаше состаноци и со еврокомесарите Јоханес Хан и Вера Јурова на кои доби поддршка за реформите во правосудството и европските интеграции.