Францускиот шеф на дипломатијата: Русија и Кина ги користат вакцините како пропаганда

204 прегледи

Русија и Кина ги користат своите вакцини против ковид-19 како средство за пропаганда, оцени францускиот министер за надворешни работи ан-Ив Ле Дриан, пренесува Еуроњуз.

Ле Дријан ги отфрли тврдењата на Русија дека ЕУ е пристрасна кон руската вакцина Спутник V, нагласувајќи дека вакцината мора да биде одобрена од Европската агенција за лекови.

Во Европа, ние користиме само вакцини кои се веродостојни и безбедни, инаку не би биле сериозни, изјави тој за француското радио.

Кога станува збор за Спутник, им рековме на руските власти – дојдете и тестирајте го тука, но тие ја поднесоа апликацијата пред само неколку дена, рече Ле Дријан.

Јавноста во ЕУ силно ги критикува своите власти за бавниот процес на вакцинирање, кој заостанува зад САД, Велика Британија и Израел.

Руската вакцина е доставена во 55 земји во светот, вклучително и Унгарија како членка на ЕУ.

Според мое мислење, начинот на кој тоа се прави е повеќе како средство за пропаганда и агресивна дипломатија, отколку чин на солидарност и здравствена заштита, рече Ле Дријан.

Кина и Русија ја спроведуваат својата политика на влијание преку вакцинација дури и пред да ја вакцинираат сопствената популација, заклучи тој.

Слични содржини