Нова студија покажа колку штити една доза од вакцината Фајзер

од Nikola Popovski
203 прегледи

Единечна доза на вакцината од Фајзер /Бионтек произведува имунолошки одговор сличен на одговорот на телото на вирусна инфекција, а исто така може да обезбеди заштита од варијанти кај луѓе кои претходно биле заразени со коронавирус, покажа британско истражување.

Во декември, Велика Британија одлучи да го продолжи временскиот период помеѓу две дози на вакцината на 12 недели, потпирајќи се на првичните анализи дека по првата доза на вакцината Фајзер, како и АстраЗенека, се создава одредена заштита.

Владата сакала да вакцинира што е можно повеќе луѓе со првите дози, па затоа во пресрет на новите пратки на вакцини, тие го поместиле временскиот интервал помеѓу двете дози.

Истражувањето спроведено од универзитетите во Шефилд и Оксфорд, со поддршка на британскиот имунолошки конзорциум за коронавирус, покажува дека 99 проценти од луѓето создаваат силен имунолошки одговор по првата доза на вакцината Фајзер / Бионтек.

Ова ја поддржува претходната студија наречена SIREN дека единечна доза од која било вакцина ја намалува појавата на тешка форма на болеста и потребата за хоспитализација.

„Забележавме формирање на антитела и Т-клетки по единечна доза кај луѓе кои претходно не биле заразени. Тоа е прилично смирувачко “, рече Сузан Дуначи од Универзитетот во Оксфорд.

Оние кои претходно биле заразени со коронавирус создале посилен имунолошки одговор, со количина на Т-клетки шест пати поголема отколку кај луѓето кои претходно не биле заразени.

Научниците анализирале примероци од крв од 237 луѓе.

Ташан де Силва, научник од Универзитетот во Шефилд, истакнува дека понатамошното зајакнување на веќе развиените антитела може да развие заштита од новите варијанти на коронавирусот, вклучително и варијантата од Јужна Африка, која ја намалува ефикасноста на постојните вакцини.

Слични содржини