Самоубиствен бомбашки напад на католичка црква во Индонезија (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
342 прегледи

Четиринаесет лица се повредени во нападот на двајца бомбаши самоубијци пред католичка црква во индонезискиот град Макасар, соопшти денеска полицијата.

За време на нападот, верниците биле во црквата, каде што се одржувала верска служба.

Официјалниот претставник на полицијата Арго Џувоно изјавил дека властите испитуваат од која радикална мрежа се напаѓачите и дали нападот е поврзан со неодамнешното апсење на милитантите.

Свештеник од црквата за локалните медиуми изјавил дека еден од напаѓачите се обидел да влезе во дворот на црквата со мотор, но дека бил запрен од припадници на обезбедувањето.

Градот Макасар е најголем на островот Сулавеси.

Слични содржини