Србите ги молат Грците: „Признајте ги сите вакцини и сите видови тестови“

од Stefanija Kuzmanovska
450 прегледи

Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис пристигна во официјална посета на Србија, а денес ќе има средба со Александар Сеничиќ, директор на Националното здружение на туристички агенции на Србија (ЈУТА). Сеничиќ за Нова.рс изјави дека на состанокот ќе се разговара за условите под кои граѓаните на Србија ќе можат да одат во Грција ова лето, и дека тој ќе побара границите да бидат отворени за сите кои се вакцинирани, како и за оние имаат посакувани резултати од ПЦР или серолошки тест.

Целта на посетата на грчкиот министер, потсетува Сеничиќ, е да се договорат деталите за договорот со кој ќе бидат дефинирани условите за патување на српските туристи во Грција, за кои ќе се разговара на денешната средба.

„Најважно за нас е да добиеме уверување дека Грција нема да биде затворена, без оглед на епидемиолошката состојба во Грција или Србија, како што беше случајот минатата година“, рече Сеничиќ.

Тој додава дека има и најави дека некои од граничните премини кон Грција ќе бидат затворени, поради што патниците од Србија ќе мораат да го користат бугарскиот премин.

„Тоа не е голем проблем за нас, но би било полесно ако можеме да патуваме низ Северна Македонија, имајќи предвид дека тоа е најбрзиот и најкраткиот пат до Грција“, рече тој, додавајќи дека повеќе детали ќе дознае денес и дека одлуката сè уште не е донесена.

Очекува да слушне какви услови планира да постави Грција за влез во земјата во текот на летото, и како што вели, тие ќе се обидат да ги направат што е можно полиберални.

„Пред сè, ќе побараме да бидат признаени сите сертификати за вакцинација, да бидат валидни за сите вакцини што се достапни во Србија. И оние кои не биле вакцинирани, можат да влезат во Грција со негативен ПЦР тест, тест за антитела или серолошки тест што покажува дека некој има антитела“, рече тој.

Тој објаснува дека ПЦР тестовите во Србија се прескапи, па затоа еден дел од луѓето би се откажале од патувања доколку тоа е единствената опција за влез во Грција.

„Серолошкиот тест е значително поевтин и мислам дека ако биде одобрен, би имале значително поголем број туристи“, вели претседателот на ЈУТА.

Во принцип, договор за признавање на сертификати за вакцинација, ПЦР и тестови за антитела, вели тој, е веќе постигнат и очекува тој да прифати други предлози од Грција.

Слични содржини