Царовска: Милошоски повторно споделува лаги

од Берта Китинска
227 прегледи

По објавената вест дека неколку министри од Владата се вакцинирале преку ред, министерката за образование  Мила Царовска преку својот Фејсбук побра од пратеникот Антонио Милошоски да се извини за објавувањето на лажни вести.

-Пратеникот Антонио Милошоски, кој се етаблираше како главен извор на лажни вести, повторно споделува лаги. Во целост ги демантирам имформациите дека сум се вакцинирала, не ми паѓа на памет да ја злоупотребам позицијата. Барам Милошоски итно да се извини за лагата, освен манипулации друго од опозицијата не може да се очекува, пишува Царовска.

Демантот утрово упати и Портпаролот на Владата на Република Северна Македонија кон лажната вест што ја сподели Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил.

Слични содржини