Нема разлики помеѓу „Епл“ и „Гугл“ кога станува збор за собирање податоци, покажуваат резултатите од студијата на колеџот Тринити во Даблин …
Андроид и iPhone уреди споделуваат податоци со компаниите што ги произведувале, во просек, на секои четири и пол минути, а податоците се испраќаат назад дури и кога телефоните се неактивни во вашиот џеб или чанта.
Нема никакви разлики помеѓу „Епл“ и „Гугл“ кога станува збор за собирање податоци, покажуваат резултатите од студијата на колеџот „Тринити“ во Даблин, што предизвика дополнителна загриженост во врска со загрозувањето на приватноста на корисниците.
Студијата, објавена од професорот Даг Лит од Тринити Конект Центар, сугерира дека телефоните на iPhone не нудат поголема приватност отколку уредите на Google, пишува Irish Times.
Од друга страна, студијата открила дека телефоните на Гугл собирале „значително повеќе податоци од Епл“, при што 1МБ податоци се испраќаат од неактивни телефони на Гугл Пиксел на секои 12 часа, во споредба со 52 КБ податоци испратени од iPhone.
Меѓу податоците што телефоните потенцијално ги вратија беше вметнувањето на СИМ картички и детали како што се хардверскиот сериски број, IMEI, Wi-Fi MAC адресата и телефонскиот број, пренесува Benchmark.
– Мислам дека повеќето луѓе прифаќаат дека „Епл“ и „Гугл“ мораат да собираат податоци од нашите телефони со цел да обезбедат услуги како што се iCloud или Google Drive. Но, кога едноставно ги користиме нашите телефони како телефони – за да остваруваме и примаме повици и ништо друго – многу е потешко да се разбере зошто „Епл“ и „Гугл“ треба да собираат податоци, истакнува професорот Лит.
Тој споменува дека е разочарувачки да се види дека Apple собира толку многу податоци, со оглед на тоа колку компанијата ја промовира безбедноста на корисниците на уредите на Apple. Apple сè уште не даде коментар за објавувањето на оваа студија.