НАЈГОЛЕМИТЕ БАНКИ ВО СВЕТОТ ШОКИРААТ: „Игра“ од 19 милијарди долари за која нема одговор

од Берта Китинска
411 прегледи

Банките „Goldman Sachs“ и „Morgan Stanley“ продадоа во блок-тргување на Волстрит акции, кои ги поседуваа во кинески технолошки и американски медиумски компании, за вкупно 19 милијарди долари.

Вредноста на овие блок-трансакции ги шокираше брокерите кои се прашуваат што е причината за овие невообичаено масовни продажби и дали овој тренд ќе продолжи.

Само „Goldman Sachs“ „ликвидирал“ акции во вредност од 10,5 милијарди долари во блок-тргување во петокот, објави „Блумберг“, повикувајќи се на електронската пошта на таа инвестициска банка испратена до клиенти.

Првата серија, која вклучуваше акции на Baidu, Tencent Music Entertainment Group и Vipshop Holdings во вкупна вредност од 6,6 милијарди долари, беше продадена пред отворањето на пазарот во петокот. Подоцна истиот ден, банката наводно продала акции во вредност од 3,9 милијарди долари што ги имала во американските медиумски конгломерати ViacomCBS и Discovery и во некои други помали компании.

Друга американска инвестициска банка вклучена во блок трговијата е „Morgan Stanley“, која во петокот понуди две серии акции во вредност од по четири милијарди долари, пренесува Фајненшл тајмс.

Иако блок-тргувањето, каде што продавачите бараат купувачи за голема количина хартии од вредност по цена за која понекогаш приватно се преговара меѓу двете страни, е вообичаена работа, поради обемот на трансакции направени во петокот, многумина на Волстрит „подигнаа веѓи“.

„Никогаш не сум видел вакво нешто во мојата 25-годишна кариера“, изјави за Блумберг Мајкл Кеуч, портфолио менаџер на швајцарската брокерска куќа „Bellevue Asset Management“.

Друг управител на портфолио, Фредерик Хилднер, кој работи за германската компанија Salm-Salm & Partner, проценува дека станува збор за „невидена“ продажба.

Оливер Пурч, виш потпретседател на консултантската фирма „Wealthspire Advisors“, рече дека настанот е „крајно необичен“, додавајќи дека играчите на пазарот сега се прашуваат дали може да следи нов бран на блок-трговија во понеделник и вторник, што ќе ги разниша цените.

Второто прашање е нејасната причина за споменатите блок-трансакции.

„Фајненшл тајмс“ наведува, повикувајќи се на извори информирани, дека Goldman Sachs ја објаснил својата продажба со „присилно одземање на законот“.

Во исто време, CNBC известува дека притисокот врз продажбата на акции на американски медиумски куќи, како и кинески компании, е поврзан со присилна ликвидација на позициите што ги држеше семејната канцеларија за инвестиции „Archegos Capital Management“.

„Недостатокот на факти за овој потег ја прави ситуацијата загрижувачка затоа што инвеститорите не знаат дали станува збор за ликвидација на само еден фонд или повеќе од еден фонд, ниту пак кои причини стојат зад тоа“, заклучи Пурч.

Слични содржини