Лидерите на двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се договорија пописот и локалните избори да се одложат.
Потребни се законски измени за да се овозможи договореното одложување на пописот на населението за наесен, од петти до 30 септември, како и на локалните избори за кои првиот круг треба да се одржи во втората половина на октомври, а во ноември вториот.
Според најавите на премиерот Заев, денеска се очекува измените да влезат во собраниска процедура во однос на идентификација на гласачите со отпечаток од прст кој е договорен меѓу поголемите политички партии.
Претседателот на Собранието Талат Џафери во „Клик плус“ истакна дека за да се промени законот за попис и тој да се пролонгира за септември како резултат на договорот меѓу Заев и Мицкоски потребно е многу повеќе време од два дена колку и преостануваат до почеток на Пописот.
„Дури и ако се донесе по брза постапка и со европско знаменце сепак постојат процедури кои треба да се запазат “, смета Џафери.
Како една од тие процедури Џафери ја спомена и Комисијата која треба да дебатира во врска со измените на законот, а во таа комисија законски може да земат учество во дебата сите парламентарци, не само членовите на Комисијата.