Манекенката Кети Прајс тврди дека ја силувале кога имала само седум години. За време на гостувањето на подкастот Changes With Annie Mcmanus, 42-годишната манекенка зборуваше за тоа како има проблеми со доверба кај мажите од рана возраст, и зборуваше за силувањето што, како што рече, се случило во парк кога била дете.
„Сите проблеми во мојот живот потекнуваат од мажи. Така се случува откако бев мала бидејќи ме силуваа кога имав седум години. Пишував за тоа во мојата прва книга, тоа се случи во паркот“, рече таа.
Таа зборуваше и за други примери на мажи кои ја искористувале.
„Работев со фотограф кој заврши во затвор. Тој беше опседнат со мене. Ме фотографираше во несоодветни изданија кога имав само 12 години, а јас мислев дека нема ништо лошо во тоа“, изјави Кети.
По бројни терапии, Кети верува дека врз нејзиниот живот и проблемите со мажите влијаеле и нејзиниот татко, кој ги оставил неа и нејзината мајка во раното детство.
„Не се сеќавам кога замина, но потсвесниот ум се сеќава на сè. За време на терапиите, сфатив дека често влегувам во врски, па ги прекинувам затоа што не сакам татковска фигура затоа што тие секогаш ве изневеруваат. Секој проблем во мојот живот потекнуваше од мажите. Сè друго е совршено“, заклучи таа.