Жените не сакаат кога мажите ќе започнат да зборуваат за љубов на вториот состанок. Потребно е време да се запознаете, нема потреба да брзате.
Не ставајте се во ситуација да зборувате само за себе, научете и да слушате. Ако не го сторите тоа, нема да биде изненадување ако жената се оддалечи од вас.
Ниту една жена не сака да излегува со маж кој ги открива сите свои тајни на првиот состанок.
Не покажувајте знаци на мрзеливост и недостаток на амбиција, хоби и страст кон работите што ги сакате. Таквиот став ќе претставува негативни точки.
Мешаните сигнали се, исто така, грешка затоа што жените сакаат да знаат дали сте заинтересирани да ја запознаете или не. Никој не сака да си играте со нивните чувства и да троши време без потреба.
Обидете се да бидете независни, бидејќи жените не сакаат маж на кој му треба „дадилка“.
Имајте ваш став и мислење за сè, искажете го во разговор, привлечно е тоа за жените.
Внимавајте на здивот, грижете се за хигиената и здравјето.