331
„Триумфот е кај граѓаните, победи разумот“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски за емисијата „Само вистина“, откако вчера беше договорено на лидерската средба да се одложи пописот за во септември.
Според него, ова одложување е за доброто на граѓаните, за заштитата на јавното здравје.
„Сепак онаа наша поддршка со 100.000 потписи за иницијативата за одлагање е доволен показател дека граѓаните победија во оваа процедура. Барањето за одложување беше од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Арсовски.