Путин: Русија е подготвена да ги обнови односите со ЕУ

од Берта Китинска
174 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин им порача на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон дека земјата е подготвена да ги обнови нормалните односи со Европската унија доколку има интерес за тоа, пренесуваат светските медиуми.

– Имаше разговори за односите меѓу Русија и Европската унија. Руската страна повтори дека е подготвена да ги обнови нормалните и деполитизирани односи со ЕУ доколку во тоа има заеднички интереси – се наведува во соопштението на Кремљ, пренесува Спутник.

Лидерите на трите земји се осврнаа на почитувањето на примирјето во Либија и изјавија дека формирањето на преодна влада во таа земја е важен чекор, се наведува во соопштението за печатот.

Путин, Меркел и Макрон се согласуваат во проценката дека ситуацијата во Сирија продолжи да се стабилизира и дека прашањето за доставување хуманитарна помош на сирискиот народ е многу важно.

Според овој портал, официјална Москва неодамна посочи дека недостатокот на политичка волја за сузбивање на сириската криза ги оштетува напорите за враќање на сириските бегалци дома. Руската војска исто така соопшти дека милитантите во Сирија спречуваат помошта да стигне до цивили.