Бугарската социјалистичка партија е пред владејачката партија на премиерот Бојко Борисов, според анкетата на институтот РЕГО, спроведена пред парламентарните избори на 4 април.
Според истражувањето, 28,2 проценти од испитаниците би гласале за Бугарската социјалистичка партија, додека 25,5 проценти би гласале за владејачката ГЕРБ, на Бојко Борисов, кој е во коалиција со Алијансата на демократските сили.
Според претходните анкети на агенциите „Медијана“ и „Алфа рисрч“, партијата на премиерот Борисов била пред опозицијата.
На третото место на денешната анкета била вонпарламентарната опозициска партија „Таков народ“, предводена од водителот Славе Трифонов – 15,7 проценти, додека четврта била парламентарната протурска ДПС (Движење за правда и слобода) со 9 проценти.
Парламентарната партија ВМРО БНД, која во моментов е во владејачката коалиција, не би го поминала цензусот за влез во Собранието.