Стејт департмент: Владата на С.Македонија покажа поголема почит кон судската независност

од Берта Китинска
255 прегледи

Најновиот извештај на Стејт департментот стои дека, Владата на С.Македонија покажа поголема почит кон судската независност.

Во однос на корупцијата, законот предвидува кривични казни за корупција од страна на официјални лица, но, оти постојат извештаи дека официјални лица биле вмешани во корупција, нагласува извештајот.

„Невладиниот сектор вели дека владината доминантна улога во економијата создала услови за корупција“, стои во извештајот, во кој се додава:

„Во нејзиниот извештај за Северна Македонија на 6.октомври, Европската комисија вели дека државата направила добар напредок во истрагата и прогонот на криминал на високо ниво“.

Стејт департментот забележува дека Владата покажала поголема почит кон судската независност и непристрасноста во однос на претходните години.

„Согласно извештајот на Европската комисија од 6. октомври, државата воспоставила механизми да обезбеди судска независност и одговорност, вклучувајќи воведување на процедури за дисциплина“, се вели во извештајот.

Судскиот совет, пак, добил 283 жалби за погрешно судско постапување, а одвоено Судскиот совет примил 60 формални барања за отстранување или дисциплинска постапка против судии.

Слични содржини