Математичарите успеаја да пресметаат на која возраст најверојатно ќе го запознаеме нашиот совршен партнер.
Математичарката д-р Хана Фрај спровела истражување кое открило на која возраст луѓето најверојатно наоѓаат вистинска љубов. Во своето истражување, таа се потпираше на математички обрасци, статистика и алгоритми, вклучително и она што го нарече „теорија на оптимално запирање“, пренесе „Аваз“.
Математиката ни кажува дека шансите за пронаоѓање вистинска љубов меѓу луѓето кои ги познаваме во текот на првите 37 отсто од вашиот љубовен живот се многу ниски. Да речеме дека сакате да стапите во брак пред 40-тата година и за првпат сте започнале да излегувате кога сте биле на 15-годишна возраст. Ова значи дека најверојатно нема да го најдете идеалниот партнер од 15 до 27 година.
Помеѓу 27 и 35 години има „прозорец“ што ви овозможува да изберете некој што е подобар за вас од сите со кои сте биле претходно. Тоа е затоа што тогаш може да се погледнат сите тие 37 отсто и да се споредат.
Теорија на д-р Фрај го поврзува човековото однесување со математиката, но љубовта секогаш ги надминува бројките. Математиката не лаже, но ниту срцето. Значи, ако сте пронашле некој со кого можете да замислите да го поминете остатокот од животот пред 27-та година од животот, тоа не значи дека тој не е вашата вистинска љубов. Одете по она што мислите дека е најдобро за вас.