Селмани: Перцепцијата кај граѓаните се поставува од деструктивното однесување на „Курир“ медиумите

503 прегледи

Во своето гостување во „24 анализа“, екс претседателот на Здружението на новинар, Насер Селмани посочи дека партиските медиуми, и нивното ниско ниво на вистинито известување, придонеле во перцепцијата на граѓаните за случувањата во политичкиот свет.

„Перцепцијата дека ако се случи пописот ќе се случи крај на светот, беше поставена од деструктивното однесување на медиумите кои ширеа лажни вести. ВМРО ДПМНЕ онаа перцепција која ја создадоа Курир медиумите сметам дека беше поддржана од СДСМ и останатите партии, бидејќи молчеа и не покренаа никаква реакција. Ако се пренесуваат шпекулации, нормално е граѓаните да поверуваат, бидејќи немаат друг начин да се информираат. Заев си подготвува амнестија очигледно. Урбаната мафија, Заев и Мицкоски и прават концесија на тоа. Што е најважно никој не посвети внимание на тајмингот и формата. И кај јавноста се крена омраза и гнев, оттргнувајќи ги Албанците. Идејата е да ја поларизираат државата“, истакна Селмани.

Слични содржини