218
Коронавирусот е третата водечка причина за смртност во САД во 2020 година, објавија денес Центрите за контрола и превенција на болести (CDC).
CDC во својот неделен извештај за морбидитет и морталитет навела дека Ковид 19 е трета водечка причина за смрт, по срцеви заболувања и карцином, и се евидентирани околу 375 000 смртни случаи, објави веб-страницата Фокс њуз.
„Најголем број на смртни случаи се забележани меѓу Афроамериканците, Индијанците и Индијанците од Алјаска“, се вели во соопштението на CDC.
Како процент, најголем број на смртни случаи има кај мажите и луѓето над 85 годишна возраст.