Вучиќ за Си-Ен-Ен: За нас, вакцинацијата не е геополитичко прашање, туку спасување животи (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
722 прегледи

За нас вакцинацијата не беше геополитичко прашање, за нас беше прашање на спасување човечки животи, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен.

„Ние се подготвивме на најдобар начин. Инвестиравме многу во дигитализацијата на Србија. Денес можете да видите на Белградскиот саем колку е организирана вакцинацијата. Ова значи дека нашиот софтвер е меѓу најдобрите во светот и јас сум длабоко горд што бевме успешни во тоа. Што се однесува до набавката на вакцините, ние ги набавивме од сите делови на светот. Сега можете во Србија да добиете американски, британски, руски и кинески вакцини во Србија. Можете да изберете било која“, додал српскиот претседател.

Вучиќ истакнал дека сите вакцини биле одобрени од надлежните агенции.

„Нашата работа беше да добиеме што повеќе вакцини. Нашите агенции мораа да ги одобрат тие вакцини и тие го сторија тоа и ние започнавме со вакцинирање. Јас сум многу горд и мислам дека е добро и за регионот. Луѓето почнаа да доаѓаат во Србија не само од Западен Балкан. Не ни пречи. Сметаме дека секој треба да ги прими двете дози на вакцината и да се спаси. Невозможно е да се оддели Србија од регионот“, рекол Вучиќ.

Тој додал дека важноста за помагање на луѓето во регионот.

„Најважното прашање е дали можеме да спасиме човечки животи или не. Ако можеме да помогнеме на некој од Сараево, Подгорица, Скопје, тоа е во голема мера исто како да го сторивме тоа на луѓе од Ниш, Крагуевац, Нови Сад, Белград, иако ние сме одговорни само за нив. Ова е наш регион, овие се наши соседи и добро е ако можеме да им помогнеме, тоа е добро. Ако тие можат да ни помогнат, ќе бидеме благодарни. Мислам дека е фер и дека покажува дека сме ориентирани кон иднината и дека не сакаме да одиме во минатото, да разговараме за проблемите што предизвикуваат поделби. Ако можеме да сториме нешто заедно, тоа е добро и тоа е многу важно“, потенцирал Вучиќ.

Слични содржини