СЗО: Верските собири за Велигден да се организираат надвор

од Nikola Popovski
209 прегледи

Неколку дена пред католичкиот Велигден и две недели пред почетокот на Рамазан, Светската здравствена организација (СЗО) во средата објави препораки за организирање верски собири во Европа, повикувајќи ги тие да се одржуваат на отворено во земјите каде што се уште се дозволени собири.

„Во земјите каде вирусот се шири повеќе, треба сериозно да се разгледаат виртуелните собири, одложувањето или намалувањето на големината на тие собири“, соопштиле од СЗО во изјавата за верските прослави на пролет во Европа.

Општо, „сите верски церемонии треба да се одржуваат надвор, ако е можно или да се намалат во обем и времетраење, во однос на дистанцата, вентилацијата, миењето на рацете и употребата на маски“, препорачуваат од оваа организација на ООН.

„Уште подобро е ако се слави со членови на домаќинството“, рекле од СЗО предупредувајќи дека треба да се избегнува каков било контакт во случај на симптоми и карантин.

Што се однесува до собирањата во затворени простории, СЗО потсетува дека тие се „особено опасни, дури и помали“ затоа што се собираат членови на различни домаќинства, иако официјално не ги забранува тие собири

„Во неколку земји во Европскиот регион на СЗО, кој вклучува педесетина земји, вклучувајќи ја Русија и неколку земји од Централна Азија“, бројот на заразени сериозно расте и не смееме да се откажеме од претпазливост во оваа фаза на пандемијата“, посочуваат од организацијата.

Христијаните го слават Велигден во недела, а Евреите ја празнуваат Пасха. Муслиманскиот месец на постот, Рамазан, трае од 13 април до 12 мај.

Слични содржини