Димитров се пошегува со Рот: Се надевам дека фудбалскиот резултат нема да влијае на поддршката за почеток на преговорите

од Берта Китинска
156 прегледи

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров вчера се пошегува со шефот на германската дипломатија Михаел Рот откако Македонија издвои историска победа над Германија со 1-2.

-Се надевам дека ова нема да доведе до промена кога станува збор за поддршката за почеток на преговорите, почитуван Михаел Рот, напиша Димитров на Твитер.