Министерот за здравство Венко Филипче денеска покрај изразувањето на благодарност до нашиот сосед за новата донација на вакцината Спутник V информираше дека околу 10 илјади граѓани ја преминале границата и заминале на вакцинација во Србија.
-Контактирав со колегата Лончар тој ќе ни испрати податоците во електронска форма за тоа колку граѓани се вакцинирале во Србија со цел да имаме предвид ако некој не може да се ревакцинира во Србија да може истата вакцина да ја прими кај нас, вели Филипче.