Актерката Џејда Пинкет Смит (49) и нејзината ќерка Вилоу (20) признаа дека претходно ги привлекувале жени. Тие објавија сè во специјална емисија на Фејсбук, чија водителка беше мајката на Џејда – Адријана Банфилд-Норис (67).
Џејда денес е во брак со актерот Вил Смит и во едно интервју изјави дека сексуално ја привлекуваат жени, но врските со жените никогаш не биле за неа.
„Обожавам да сум опкружена со жени, но никогаш не би можела да се поврзам со нив во романтична смисла. Сепак, никогаш не знаеш. Двапати досега ме привлекувале жени во сексуална смисла, и тоа беше прилично рано, кога имав околу 20 години“, рече актерката.
Потоа се надоврза нејзината ќерка Вилоу.
„Се сеќавам дека во неколку наврати размислував колку убави се некои девојки. Никогаш не сум била заљубена во девојка, но не ја исклучувам можноста тоа да се случи затоа што тие многу ме привлекуваа порано”, заклучи 20-годишната Вилоу.
Да потсетиме, Џејда и Вил Смит имаа бројни проблеми во бракот, а минатата година актерката му призна на сопругот во шоуто дека го изневерила со 28-годишниот пејач Аугустин Алсин пред пет години.
Минатата година светските медиуми редовно пишуваа за измамата во која се најдоа сопружниците, но тие надминаа сè и се уште се заедно.