Европската унија побара од Индија дозвола за купување на 10 милиони дози вакцини на „АстраЗенека“ против ковид-19 од Индискиот серумски институт, изјави денеска претставник на индиската влада.
„Амбасадорот на ЕУ напиша писмо во кое стои: Ве молам дајте ни одобренија за извоз“, рече неименуван индиски официјален претставник, додавајќи дека писмото е испратено пред околу две недели, пренесе „Ројтерс“.
ЕУ сака вакцини од Серумскиот институт, најголемиот светски производител на вакцини, со цел да го надополни недостигот на снабдување од погоните во „АстраЗенека“ во Европа и да го забрза процесот на вакцинација во ЕУ.
„Какво било брзо одобрување на барањата на ЕУ е малку веројатно, бидејќи Индија работи на зголемување на домашната вакцинација“, рече владин претставник.