Маск сподели „оглас за вработување“: Се бараат 10.000 работници, диплома не е потребна

од Stefanija Kuzmanovska
478 прегледи

Елон Маск сподели „оглас за работа“ на својот профил на Твитер.

Имено, сопственикот на Tesla сподели твит од сметката „Tesla Owners Austin“ со образложение дека на една фабрика во Тексас им требаат дури 10.000 работници, а тој ги наведе и посебните придобивки што ги очекуваат вработените.

„Пет минути до аеродромот, 15 минути до центарот на градот, веднаш на реката Колорадо“, напиша Маск.

Оригиналниот твит на компанијата наведува дека универзитетската диплома не е услов за вработување, иако Тесла има добра соработка со бројни универзитети, но дека луѓето можат да доаѓаат „директно од средно училиште“.

Слични содржини