Нема знаци дека има ризик од некаков експлозивен раст на заболени што би било знак дека треба да се воведат дополнителни рестриктивни мерки, уште еднаш потврди министерот за здравство, Венко Филипче .
-Имаме балансирани мерки. Тоа значи дека има рестрикција во движењето затоа што дететктиравме дека по затворањето на угостителските објекти, многу млади се собираа по отворени површини и тука воопшто не се почитуваа превентивните мерки. Имаме важечки рестриктивни мерки насекаде, за сите објекти, сали и собири и угостителските објекти и не сме виделе никаде проблем каде превентивните мерки се почитуваат. Секогаш е проблемот кога не се почитуваат мерките, истакна Филипче.
Филипче уште еднаш упати апел граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките, нагласувајќи дека сега ситуацијата е исклучително ризична и критична.