Во неодамна објавените мемоари The Beauty of Living Twice, Шерон Стоун откри голем број долго скриени детали од нејзиниот живот, кои ги исполнија таблоидите во последните неколку дена. Таа исто така откри дека на само 18 години имала тежок абортус, поради кој требало да се премине државната граница, пренесува People.
Денес 63-годишната актерка тврди дека останала бремена со своето прво сериозно момче како тинејџерка. Како што наведува, таа само што започнала да открива блискост и не очекувала да забремени. Во тоа време живеела во Пенсилванија.
Кога открила дека е бремена, Стоун и нејзиното тогашно момче заминале на клиниката во Охајо за да може да абортира бидејќи не можела да го стори тоа во Пенсилванија.
По завршувањето на постапката, таа се вратила дома, а еве како ги опиша тие моменти:
„Крварев насекаде и беше многу полошо отколку што требаше да биде, но тоа беше тајна и не можев да кажам никому. Така бев во мојата соба со денови и крварев. Бев слаба и исплашена.
Кога се чувствувала подобро, се вратила на училиште, а крвавата облека и чаршавите ги запалила во буре.