Откако ќе се вакцинирате вие не сте веднаш заштитени. Потребно е да помине извесно време за да почне создавањето на антителата и тоа вообичаено е две или три недели по примањето на првата доза. Погрешно е очекувањето дека вакцината може веднаш да почне да ве штити, за два или три дена. Заразувањето и покрај вакцинирањето се случува поради непочитување на мерките и ова е важно да се сподели со јавноста бидејќи голем дел од недовербата се должи на ваквото погрешно очекување, објасни денеска професорката на Фармацевтскиот факултет при УКИМ, д-р Александра Грозданова, која е и претседателка на Комитетот за имунизација при Министерството за здравство
Таа напомена дека нема потреба од создавање паника кај сите лица кои ја примиле вакцината на „Астра Зенека“ таа е една од најбезбедните и најквалитетните вакцини, која е дадена во најголем број дози на светска популација
– За „Астра Зенека“ на 15 март, во Европа кратковремено прекинаа давање, се со цел да се разјасни оваа состојба. Почнувајќи од Норвешка, првите случаи беа таму, па во Данска, потоа пријави Австрија значи се од ваков тип на тромбоични промени кај популација помлада од 60 години. Германија во понеделникот излезе со јасен став дека бројот на инциденцата на појава на оваа состојба во однос на бројот на дадени дози претставува доволен алармантен сигнал за времено прекинување на давање на таа вакцина кај оваа популација, истакна Грозданова.
Таа појасни дека ист модел на дизајнирање на вакцината претставува и „Астра Зенека“ и „Спутник В“, тоа се двете аденовирусни вакцини, единствена разлика е што „Астра Зенека“ користи вирус вектор од шимпанзо, од аденовирус од шимпанзо, а „Спутник“ користи хумани аденовируси.