„Политико“: Американската војска во Европа во максимална борбена готовност заради Русија

од Vladimir Zorba
298 прегледи

Европската команда на вооружените сили на САД (ЕУКОМ) ја стави армијата во максимална борбена готовност поради преместувањето на руските трупи, пишува порталот „Политико“.

Во написот се наведува дека неколку настани што се случиле оваа недела придонеле за тоа. Станува збор за ескалација на конфликтот на истокот на Украина, зајакнување на воената моќ на Русија долж границата, како и појава на три руски нуклеарни подморници на Арктикот.

„Тоа е нова демонстрација на моќ во регионот на Арктикот. Американските вооружени сили допрва треба да го достигнат тоа ниво“, наведува авторот на статијата.

Претставникот на ЕУКОМ, Веди Снајдер, одби да ги образложи нивоата на подготвеност на војската, повикувајќи се на оперативни безбедносни барања. Во исто време, таа додаде дека Европската команда на вооружените сили на САД во Европа „многу внимателно ја следат ситуацијата“.

Во последниве години, Русија укажува на невидена активност на НАТО во близина на нејзините граници. Претходно, во Црното Море се одржаа воени вежби „Морски штит 21“ (Sea Shield 21) под водство на Романија.

Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг рече дека зајакнувањето на присуството на НАТО во регионот е „јасен сигнал“ за Москва. Вооружените сили на Украина исто така организираа воени вежби во близина на Крим, за време на кои тие користеа ракетни лансери „Смерч“.

Слични содржини