Американска војска: Погодени се повеќе од 85 цели во Ирак и Сирија

од Vladimir Zorba

Американската војска соопшти дека воздушните напади погодиле повеќе од 85 цели во Ирак и Сирија и дека во нападите биле користени бројни авиони, вклучително и бомбардери со долг дострел кои летале од САД.

„Силите на американската централна команда (CENTCOM) извршија воздушни напади во Ирак и Сирија против силите Кудс на иранскиот корпус на револуционерната гарда и сојузничките милиции. Воените сили на САД погодија повеќе од 85 цели, со бројни авиони, вклучително и бомбардери со долг дострел, кои летаа од САД“, се вели во соопштението на CENTCOM.

Беше прецизирано дека во воздушните напади биле користени повеќе од 125 прецизни ракети и дека целите биле командни и разузнавачки центри, магацини за ракети, ракети и беспилотни летала, логистика и објекти во синџирот на снабдување со муниција на „милициските групи и нивните спонзори од иранската Револуционерна гарда која овозможи напади врз американските и коалициските сили“, пренесува Си-Ен-Ен.

Слични содржини