Катарската авиокомпанија Катар ервејс денес објави дека ги продолжува патничките летови до Ирак почнувајќи од 10 мај.
-Патничките летови на линиите до Багдад, Басра и Ербил во Ирак се продолжуваат почнувајќи од 10 мај, стои на веб страницата на катарската авиокомпанија.
Катар ервејс повторно ќе воведе услуги за воздушен товарен превоз до Багдад од 7 мај.