Нов ИНЦИДЕНТ во близина на Капитол – автомобил проби безбедносна ограда, повредени полицајци (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
271 прегледи

Едно лице ја проби безбедносната ограда со возило и повреди двајца полицајци кои го обезбедуваат американскиот Капитол. На полициските службеници им се пружа медицинска поддршка, а осомничениот напаѓач е уапсен.

Американскиот Капитол е заклучен уште еднаш поради, како што пренесува Си-Ен-Ен, надворешна безбедносна закана.

Агенциите за спроведување на законот реагираа и на извештаите за пукотници.

Од граѓаните и вработените во Капитол се бара да останат во затворено и подалеку од прозорците.

За потсетување, во нападот на Капитол на 6 јануари, приврзаниците на Доналд Трамп го пробија безбедносниот кордон и упаднаа во зградата на Конгресот, а пет лица го загубија животот.

Слични содржини