Стјепан Хаузер и Лука Чулиќ повторно се собраа да ја прослават 10-годишнината од својата кариера.
Првиот видео-запис по повеќе од една година се појави на официјалниот YouTube канал 2Cellos, а Хаузер и Чулиќ за таа пригода ја избраа песната Livin’ on a Prayer од Бон Џови.
Под видеото на Јутјуб многумина се прашуваа дали станува збор за првоаприлска шега, но дуото на своите профили на Инстаграм, исто така, потврди дека се вратиле. Ова е нивно прво заедничко издание по пауза од две години.
Засега не е јасно дали ова е само собир за годишнината, но фановите на дуото изразија ентузијазам.
„Не е први април, легендите се враќаат“, е само еден од коментарите на мрежите.