НЕЈМАР НАПРАВИ СКАНДАЛ: Тешко го прифати црвениот картон и поразот од Лил (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
200 прегледи

Пари Сен Жермен беше поразен од Лил со 1:0, а Нејмар по мечот предизвика скандал.

Бразилецот го загуби компасот и сакаше физички да се справи со дефанзивецот на ривалот Тијаго Џало!

Сепак, брзата реакција на луѓето спречи ескалација на конфликтот.

ПСЖ сега е во ситуација кога на седум кола пред крајот ја бркаат предноста на „кучињата“ од три бода.

Сè може да очекуваме до крајот на сезоната.

Нејмар заработи и црвен картон, па нема да може да им помогне на соиграчите.

Слични содржини